Прегазено седумгодишно девојче во Тетово

0
39

Тешко повредено седум годишно девојче во сообраќајна незгода во Тетово што се случила вчера околу 17 часот, откако во неа удрило возило. Девојчето било пренесено во тетовската болница и поради тешките повреди пренесена на скопските клиники.

– Во СВР Тетово е пријавено сообраќајна несреќа на улицата „Јане Сандански“ во која патничко возило форд фокус со скопски регистарски таблици управувано од женско лице на 34 години од Тетово удрило во малолетно девојче-пешак. Повреденото девојче е однесено во тетовската болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово.