Одлуката за американска поддршка во висина од 40 милиони долари за македонската одбрана е доказ за стратешкото партнерство и сојузништво помеѓу Северна Македонија и САД, вели министерката за одбрана

0
49

Одлуката за американска поддршка во висина од 40 милиони долари за македонската одбрана е доказ за стратешкото партнерство и сојузништво помеѓу Северна Македонија и САД, вели министерката за одбрана
Набавката на лесните оклопни возила е еден од осумте клучни проекти за вооружување на Армијата, рече министерката за одбрана.

„Договорот е склучен минатата година, а оваа година веќе пристигнаа првите шест лесни оклопни возила. До 2028 година треба да пристигнат 96 вакви возила, а до крајот на оваа година очекуваме да бидат испорачани уште нови 27 возила од ваков тип. Оклопните возила се веќе дел од арсеналот на Армијата и нашите војници веќе се обучуваат за нивно користење“,истакна министерката Петровска во денешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.