ЌЕ ОРГАНИЗИРАМЕ ПРОТЕСТИ, АКО ВЛАДАТА НЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ ОДЛУКАТА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ОБЈЕКТОТ КАДЕ УЧАТ ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ МАКЕДОНЦИ, НАЈАВИ КАРАПЕТРОВ

0
44

Образованието е најважната алка во една држава. Токму затоа, во образовниот процес треба континуирано да се вложува и истиот да се унапредува за квалитетни генерации и идни успешни граѓани,истакнаа на пресс конференција од советничката група на ВМРО ДПМНЕ при советот на Општина Тетово

-Последната срамна одлука на СДС и нивниот коалиционен партнер ДУИ, директно ги погодува токму нашите средношколци. На нашите ученици наместо да им овозможат солидни услови за образувание, тие им ги одземаат просториите за учење!Пред не толку далечно време, токму СДС и тогашниот премиер Заев ветуваше нови простории за тетовските гимназијалци од македонска настава, а сега со скандалозна одлука и без никаква предходна консултација им одзема еден објект од стариот медицински училишен центар, и тоа на само неколку денови пред почетокот на новата учебна година, Ова е срамно и понижувачки!
Оваа одлука на Владата СДСМ – ДУИ е удар за тетовското образование, истакна Ангел Карапетров советник од советничката група на ВМРО ДПМНЕ

За оваа незаконска и скандалозна одлука ќе ги информираме сите релевантни интитуции и дипломатски претставништа.
Јавно ја повикуваме оваа ненародна Влада да престане со нанесување штети, од кои овој пат страдаат нашите ученици Образованието не смее да се користи за задоволување на нечии страсти и лични интереси, потенцираше Карапетров.

Пред само неколку дена имавме локални избори. Ја користам оваа прилика да ги прашам кандидатите за советници на СДС , со кој образ одеа кај тетовчани и бараа гласови, а притоа знаеа за ваквата одлука на нивната влада донесена на само неколку дена пред изборната кампања ? Дали не е ова срамно и лицемерно од нивна страна ? Сега, нека видат сите тие 1900 тетовчани на кого ги дадоа своите
гласови, запраша Карапетров.

Тој дополни дека ќе се организираат протести ако Владата не ја повлече оваа како што ја нарече скандалозна одлука.