Ердоган ѝ се закани на Грција: Кога ќе го изгубам трпението, сè може да се случи

0
50

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани со воен одговор, ако продолжат провокациите од Грција.

Неодамна турски воени авиони биле цел на противвоздушно оружје додека летале над спорните острови во Егејско море, а тоа го налути Ердоган.

„Ако имаат острови и воени бази и одредени претензии кои се нелегални и се закани за нас, еден ден ќе го изгубиме трпението. Кога ќе го изгубиме, сè може да се случи“, кажа Ердоган.