ВИДЕO | Над 20 луѓе живи изгореа во кинеска болница: Пациенти панично со чаршафи се спуштаа од прозорци, некои се качија над клима-уредите

0
42

Страотен пожар денеска ја зафати болницата „Чангфенг“ во Пекинг, а надлежните јавија за 21 загинат. Десетици пациенти се евакуирани од болницата, објавија кинеските државни медиуми.

Персоналот евакуирал 71 пациент, објавија медиумите.

На снимките кои кружат на социјалните мрежи се гледа како од зградата излегува густ црн чад, додека очајните пациенти се обидуваат да излезат преку прозорците, со јажиња направени од чаршафи.

 

Други пациенти се качиле на клима-уредите што се наоѓаат веднаш до прозорците, во надеж дека ќе избегаат од чадот и од огнот.

 

Пожарот е изгаснат, се истражува причината за избувнувањето

Извор С.П