Изгоре службениот автомобил на заменик-директорот на затворот Идризово

0
47

Службено возило на затворот „Идризово“ било запалено во понеделникот вечерта, а медиумите пренесуваат дека се работи за автомобилот што го користел заменик-директорот на затворот, Феми Јонузи.

– На 17.04.2023 во 22.34 часот во Полициската станица Драчево, С.Ј.(45) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека околу 21.15 часот во с.Студеничани било опожарено патничко возило „фолксваген пасат караван“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а кое претходно тој го паркирал. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.