Во исчезнатата подморница има кислород за уште 20 часа

0
50

Контраадмиралот Џон Маугер од американската крајбрежна стража изјави за Би-Би-Си дека на екипажот на Титан може да му останат помалку од 20 часа кислород, врз основа на првичната проценка од 96 часа.

Тој вели дека е тешко да се каже точно колку време имаат, поради различни фактори, но времето истекува.

„Еден од факторите што го отежнува предвидувањето колку кислород останува е тоа што не ја знаеме стапката на потрошувачка на кислород по патник во подморницата.

Тој рече дека тимот за пребарување работи под претпоставка дека им остануваат уште околу 20 часа за да ја пронајдат и спасат подморницата, што е утре наутро по локално време.