Во Париз експлодираше гас, неколку згради се во пламен (ВИДЕО)

0
66

Голем пожар избувна денеска во Париз, по експлозија на гас, а пожарот зафати неколку згради, објави на Твитер локален функционер на градот Париз.

Како што јави БФМТВ, најмалку седум лица се во критична состојба, а се стравува дека има повеќе повредени.

Една жена која живее веднаш од другата страна на улицата од урнатата зграда вели дека слушнала бучава што никогаш порано не ја слушнала.

– Слушнав експлозија, звукот беше заглушувачки. Прозорците му беа отворени, влетаа парчиња стакло. Кога излегував од зградата, видов дека соседната зграда е целосно опожарена – изјави таа.

Според извештаите, се урнала фасадата на Американската париска академија.