Маж со товарно возило прегази 69-годишник и избега

0
51

32-годишен возач прегази 69-годишен маж, а по инцидентот го напуштил местото на несреќата.

– На 07.07.2023 во 13.33 часот во Полициска станица Кочани е пријавено дека на ул.,,Тодосија Паунов“ во Кочани, товарно возило ,,форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(32) од с.Три чешми, штипско, удрило во пешакот В.Ш.(69) од Кочани и го напуштило местото, но подоцна Ј.К. е пронајден и лишен од слобода. Во несреќата пешакот В.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, соопшти полицијата.

Во координација со Јавен обвинител увид на местото извршила екипа од Полициска станица Кочани.