Ограбен објект на „Македонски пошти“ во тетовско

0
54

Во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавено дека помеѓу 4 и 5 овој месец во периодот од 15.30 до 08.00 часот во с.Желино, тетовско, со употреба на сила било влезено во објект на „Македонски пошти“ при што биле одземени пари, поштенски марки и други предмети.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.