Крај на квалификациите како од бајките: Македонија со голем бод против Англија (ВИДЕО)

0
100

Одличен крај на квалификациите за македонската фудбалска репрезентација со „реми“ против Англија, најдобрата селекција во групата Ц, која претходно имаше обезбедено пласман на Европско првенство. Англичаните во Скопје имаа доминација, но беа бледи, анемични, големите и скапи фудбалски ѕвезди како Грилиш, Рајс, Александар-Арнолд и останатите, беа сопрени од големото македонско срце, од желбата на Македонија пред домашна публика да стигне до голем резултат против силната светска селекција. Избраниците на Саутгејт можеби ја имаа иницијативата, можеби имаа повќе шанси, но Македонија успеа дури и да поведе по првиот дел и на полувреме да замине со предност. И псле израмнувањето на Англија, избраниците на Благоја Милевски одиграа храбро со цел да ги сопрат Англичаните кои тргнаа решително кон победа, но Македонија успеа да се одбрани и да слави голем бод, вреден како три против големот фаворит.

Англичаните ја контролираа играта, го имаа поседот, особено до 30. минута, кога Македонија како да се ослободи од притисокот и почна да игра на половината на Англија. Кога Македонија ја имаше топката, Англија веднаш правеше пресинг за да ја освои, но и во посед, Англичаните само на моменти беа опасни по голот на Димитриевски.

Уште во 2. минута се заканија Англичаните преку Луис, но во последен миг блокираше Муслиу. Во 14. минута Рајс шутира од 20 метри ја погоди стативата од голот на Димитриевски. Веднаш потоа центаршут на Луис, Воткинс на петерецот е осамен, но премногу ноншалантно се обиде со глава, и шансата пропадна.

Во 24. минута спорен момент. Елмас излегува во супер шанса, Мегваер стартува врз него, но нема пенал. И по консултација со ВАР, судијата Глова остана одлуката непроменета.

Мирен натпревар до 38. минута, а потоа возбудувања. Еден навидум безопасен старт на Луис над Миовски, најпрво не беше санкциониран од судијата Глова. Но по следниот прекин словачкиот арбитар доби повик од ВАР, по што досуди пенал.

Барди го изведе пеналот, Пикфорд одбрани за потоа топката одново да дојде до него и да ја смести во мрежата, на голема радост на 26.000 гледачи на „Арената“.

Ekipa.mk