ФОТО: Tетово трет ден тоне во смет, комуналците не го собираат оти им доцнат платите

0
124

Преполни контејнери и купишта смет околу нив. Ваква е сликата веќе трет ден во Тетово откако вработените во секторот „Комунална хигиена“ при „ЈКП Тетово“ решија да не го подигаат и транспортираат сметот се додека претпријатието не им ги исплати заостантите плати и придонеси.

„Ваква лоша слика само во Тетово може да се види, мини диви депонии на сите страни. Тетово е град со голем број население со многу стопански гранки од кои се полни општинскиот буџет, како може да нема пари за вработените на ЈКП Тетово и со право штрајкуваат, но парите очигледно кои се наменети за нив завршуваат во некој друг џеб“, вели еден жител на Тетово.

„Деновиве поради врнежите од дожд воздухот во градот се расчисти, но очигледно тетовци не можат да се спасат од еколошки катастрофи, сега смрдеа од преполните контејнери се шири низ целиот град“, додава друг тетовец.

Тетовските комуналци во кругот на „ЈКП Тетово“ во понеделникот преку штрајк го изразија револтот поради како што велат неисплатените три плати, но и доцнењето со исплатата на здравствено осигурување.

Штрајкот велат се уште продолжува се додека не ни се исплатат заостанатите плати, но и придонеси за вкупно 3 месеци.

Голем дел од вработените се болни поради лошите услови во кои работаат, но помош од лекар ретко бараат оти се без здравствено осигурување и пари за приватен лекар немаат.

Од Општина Тетово со реакција за штрајкот на вработените во „Комунална хигиена„, за кои ветија решение за нивните проблеми.

„Општина Tетово е информирана за моменталната состојба во однос на општинските претпријатија. За справување со предизвиците и неуспехот на општинското претпријатие, одлучено е формирање на две нови претпријатија, едно за водовод и канализација, и едно за менаџирање со отпадот.Важно е да се напомене дека Општина Тетово веќе има потпишан договор со приватен оператор и овој договор, кој стапува на сила на 1 декември 2023 година, ќе резултира со префрлување на работниците од општинското претпријатие во новото претпријатие „ОЕНЕУМ“. Со оваа измена, сите работници ќе земаат редовно плата, додека општина Тетово ја презеде обврската да обезбеди исплата на сите заостанати плати за овие вработени.Што се однесува до ЈП за водовод и канализација „Шари“ во фаза сме на трансформација на работниците од ЈКП Тетово во ново претпријатие. Со ова ќе се решат проблемите со платите и на овие работници. По завршувањето на овој процес, Општина Тетово ќе подготви посебна стратегија за заложба и обезбедување на плати за работниците кои ќе останат во сегашното ЈКП“, информираа од Општина Тетово.