Хамас: Блиску сме до договор со Израел, двете страни ќе ги ослободат жените и децата

0
104

Шефот на Хамас денеска изјави за Ројтерс дека палестинската милитантна група е блиску до договор за примирје со Израел, иако смртоносниот напад врз Газа продолжува и ракетите се истрелани кон Израел.

„Официјални лица на Хамас се блиску до постигнување договор за прекин на огнот со Израел и групата го достави својот одговор до катарските посредници“, рече Исмаил Ханије во изјавата што неговиот помошник ја испрати до Ројтерс.

Во соопштението не се дадени повеќе детали, но официјален претставник на Хамас за ТВ Ал Џезира изјави дека разговорите се фокусирале на тоа колку долго ќе трае примирјето, потоа договорите за испорака на помош во Газа и размена на израелски заложници кои Хамас ги држел за палестински затвореници во Израел.

– Двете страни ќе ги ослободат жените и децата, а детали ќе соопшти Катар, кој посредува во преговорите, изјави функционерот Исат ел Решик.

Хамас зеде околу 240 заложници за време на неговото дивеење во Израел на 7 октомври, во кое беа убиени 1.200 луѓе.