ВИДЕО: Во собраниски кабинет чад од цигари и песна од распеаниот Ахмети, се слави првиот премиер-Албанец

0
253

Во собраниски кабинет каде се гледа чад од цигари Ахмети и Груби го овековечија моментот за новата функција на Талат Џафери.

Гласањето на техничката влада каде за првпат во историјата на Македонија премиер е Албанец е причината поради која Али Ахмети е видно расположен, а тоа го докажа и пеејќи песна во својот собраниски кабинет.

Неговиот соработник Артан Груби кој во новата влада ќе биде министер за политички систем објави видео на својот Фејсбук профил.

„Многу емоции, пријатели. Али Ахмети пее за Калош Дани“, напиша Груби во описот на видеото.