ВИДЕО: ИДФ наздравува додека во позадина се бомбадираат стотици домови на Газа, „ќе се бориме во Газа цела година“, вели Халеви

0
184

Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви вчера навести дека може да има долгорочен конфликт во Појасот Газа, велејќи дека 2024 година ќе биде „година на предизвици“.

„Ќе се бориме во Газа цела година – тоа е сигурно“, рече Халеви за време на посетата на окупираниот Западен Брег.

Тој додаде дека израелската армија му нанесува „голема штета“ на Хезболах, поради нападот на либанската милитантна група на северот на Израел.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се споделуваат видеа на кои се гледа како војници на израелската армија наздравуваат додека во позадина се гледа како се бомбардираат домови на жителите на Газа.

ВИДЕО.

На друго видео стои објава во која се вели дека се понижуваат палестинските мажи со инвазијата на израелските сили во Газа.

ВИДЕО.