Европски сојуз за промени: Да се испита зошто Груби доделил пари на невладини организации блиски до ДУИ

0
191

Европскиот сојуз за промени бара Финансиската полиција и Основното јавно обвинителство да откријат кои се вистинските причини поради кои Артан Груби им доделил средства на невладини организации блиски до ДУИ, под какво образложение биле пуштени тие средства и, најважно – каде средствата завршиле.

Како што претходно објави Радио Слободна Европа, државен советник во Министерство за култура и поранешен пратеник на ДУИ, вработени во Министерството што го раководи Артан Груби, поранешен член на ДИК, вработена во општина Струга, но и советничка за протокол во владата се дел од луѓето кои добиле државни пари за невладини организации во кои се основачи