ИДФ: Војници убиле пет палестински вооружени лица на Западниот Брег

0
80

Израелските војници убиле пет вооружени палестински милитанти во размена на оган на Западниот Брег, соопшти израелската армија (ИДФ), пренесе Ројтерс.

Според соопштението на ИДФ, во антитерористичка операција војниците убиле четворица вооружени милитанти кои пукале во нив од куќа во палестинското село Азун, додавајќи дека е ранет и израелски војник.

Освен тоа, во палестинскиот град Калкилија, израелски војници убиле палестински напаѓач кој отворил оган врз нив за време на рацијата за запленување оружје.