ИЗРАЕЛ СМЕТА ДЕКА ВОЈНАТА ПРОТИВ ХАМАС ЌЕ ТРАЕ ЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА, ГАНЦ ГИ КАЖА И ГЛАВНИТЕ ПРИОРИТЕТИ

0
104

Војната на Израел против Хамас би можела да трае една генерација,а ослободувањето на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група мора да остане главен приоритет, изјави израелскиот министер за војна Бени Ганц.

Ганц вчера им соопштил на жителите на евакуираните заедници на југот на Израел дека е потребно итно ослободување на заложниците, јави израелскиот Канал 12.

Има време да се уништи Хамас, нема повеќе време за заложниците, тие се приоритет во моментов, рече Ганц.