На сила сакале да го извлечат од возило, па му го попречиле патот и го нападнале, приведени двајца мажи од Гостиварско

0
201

Вчера, во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода М. И. (25) и Ј. К. (35), двајцата од гостиварски Добри Дол. Според пријавеното, околу 5.30 часот, на булеварот „Браќа Ѓиноски, со патничко возило „опел корса“ му го попречиле патот и физички го нападнале В. Ф. (29) од Гостивар по што со употреба на сила се обиделе да го извлечат од неговото патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки.

Како што е пријавено, при обид да побегне, В. Ф. со возилото тргнал назад и со отворената возачка врата ги соборил напаѓачите, а притоа го оштетил неговото возило.