Портал ИКС: Техничкиот премиер и пропагандата на Груби со гости од Косово и Албанија кои пијат виски, пушат цигари и седат на ВИП места во Собранието

0
193

Со видеосторија насловена „Техничкиот премиер и пропаганда шемата на Артан Груби – Бужала, Февзиу, Хаџиу и Келменди со ВИП-третман во размена за пропаганда?“, порталот „Икс ја разобличува вчерашната посета на познатите водители и уредници од Албанија и Косово на македонското Собрание и нивното возење со службени автомобили на македонската влада.

Порталот „Икс“ , преку сторијата на новинарот Фуркан Салиу, објави дека тие цел ден се превезуваат со службени возило од Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби. Според сторијата на „Икс“, прво пиеле виски и пушеле цигари во канцеларијата на Али Ахмети, а потоа ги зазеле столчињата во ВИП-ложата во пленараната сала на македонскиот парламент.

Пред Собранието, новинарот Фуркан ги праша гостите дали се дојдени на барање на ДУИ и со цел да вршат пропаганда.

Портал „Икс“: Да ни кажете дали ДУИ ве плаќа да дојдете овде да пропагирате, затоа што овде веќе не им поминува?

Адриатик Келменди: Се брзаме затоа што имаме емисија.

Портал „Икс“: Дали на емисија одите или на некое кафе да славите со Али?

Бленди Февзиу: Како можеш да ме прашаш дали сум зел пари? Не ти е срам да го поставиш ова прашање? Срамота е да се постави ова прашање бидејќи си млад дечко. Срамно е.

Портал „Икс“: Се качувате во службен автомобил.

Бленди Февзиу: Јас не знам каде се качувам, но проблемот е што не можеш вака да поставуваш прашања затоа што си млад новинар. Прашај ме – зошто сум дошол, дали имам некој интерес за тебе, дали сум бил на слични настани.