Пропадна тендерот за Чебрен, нема да се активира банкарската гаранција

0
176

Грчката компанија „Архиродон“ која победи на тендерот за Чебрен не ја продолжи банкарската гаранција која истече на 31 декември. Додека траела гаранцијата тие требале да потпишат договор со ЕСМ за заеднички вложувања. Тоа не било направено, а МЖС на 14-ти декември ја потсетило грчката компанија, но таа не реагирала.

Согласно регулативата и тендерските услови, немаме услови да ја активираме банкарската гаранција – рече министерката за животна средина Каја Шукова.

Според сознанијата, грчката компанија се откажала затоа што според наведените услови што требале да ги исполнат не можеле да добијат пари од банка. Но, како што рече Шукова не сака да шпекулира за тоа.

– Тие бараа дополнителни услови, но не можевме дополнително да ги вградиме. Тоа ви било нерамноправно и кон другата компанија која учествуваше на тендерот- рече министерката и објасни дека грчката компанија повела жалбена постапка.