Скопје руши рекорди по загаденост во светот

0
214

Уште една ноќ Скопје ја помина на врвот на неславната ранг листа на земји со најзагаден воздух во светот. Земјава пак се најде во првите десет најзагадени држави.

Веб-сервисот за рангирање покажа дека Македонија синоќа котираше на високата осмата позиција.

Гледано по градови во земјава прв на листата беше Скопје, односно Општина Шуто Оризари.

Потоа, следуваат Кавадарци, Струмица, Кичево, Велес, Неготино и Битола.

Меѓу најзагадените општини во Скопје беа и Ѓорче Петров и Чаир.

Апликацијата „Мој воздух“ синоќа покажа дека во Скопје речиси во секоја општина воздухот е загаден со високи концентрации на ПМ честички.