Студен бран ја зафати Хрватска, поради бурниот ветер вклучен црвен метеоаларм

0
163

Државниот хидромеѕеоролошки завод во Хрватска предупредува на студен бран во втората половина од седмицата за госпичкиот и риечкиот регион.

За поголемиот дел од Хрватска на сила е жолт метеоаларм поради силниот ветер. За подрачјето на Риека, Кварнер и велебитскиот канал е прогласен црвен метеоаларм поради бурата со ветер. Слаб снег паѓа на подрачјето на Лика, Славонија и Барање, а со оглед на ниските температури, можни се и опасни последици.

Удари на бура на автоматската станица Приза утринава беа повеќе од 115 километри на час, што не изненадува дека на сила е најголемиот, црвен степен на предупредување на бура во облик на метеоаларм на Државниот хидрометеоролошки завод, пишува метеорологот на Н1 Теа Блажевиќ.

Ветровито ќе биде и во текот на целиот ден, а треба да се смета на снегот во внатрешноста, особено на истокот на земјата и во горска Хрватска. Во вторник евентуално уште во утринските часови би можело да се појави и снег. Посончево време ќе има долж Јадранот, бурата постепено ќе слабее.