Јавниот обвинител во текот на денешниот ден ќе вложи жалби на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје со која беше одбиен предлогот за определување мерка притвор за четворица осомничени за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај и им беа определени мерки на претпазливост, информираат од Јавното обвинителство.
Да потсетиме, Обвинителството доцна вчера бараше притвор за лицата кои претходниот ден упаднаа во зградата од каде се контролира македонскиот воздушен простор.
Судот одлули дека лицата меѓу кои и еден висок функционер на ДУИ нема да бегаат од држатата па им изрече само мерки на претпазливост.