Џафери: Фала му прво на Ахмети, ама и на Пендаровски

0
209

Започна 141-та собраниска седница на која треба да се избере новата техничка Влада, предводена од Талат Џафери. Тој на почетокот имаше свое обраќање на говорница пред пратениците, медиумите и јавноста. Кажа дека ќе постапува согласно законите.

„За мене не е важно дали е техничка Влада или за 100 дена, јас оваа одговорност ја сфаќам онака како што сум пристапувал кон секој предизвик кој сум го имал во животот. Сакам да Ве уверам дека нема да дозволам да отстапиме од она што значи функционална и одговорна институција“, кажа Џафери.

Малку говореше на албански, па на македонски. Меѓу другото, во говорот се осврна и на тоа дека внимание ќе се посвети на тоа во следниот период да има успешни економски политики, а и дека ќе продолжи борбата против корупцијата.

На крајот од говорот, му се заблагодари за довербата најпрвин на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, потоа на шефот на државата Пендаровски, а и на сите пратеници.