Апанажа од 2.500 евра за Ковачевски и Спасовски наредните 12 месеци

0
172

Комисијата за избори и именувања пред две недели ги прифатила барањата за апанажа на поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Ковачевски и Спасовски побарале и добиле апанажа од 2.500 евра, која ќе ја добиваат во следните 12 месеци.

Надоместокот, согласно Законот е во висина на платата што именуваното лице ја добивало додека било на функцијата, па така, Ковачевски ќе зема 156.482 денари, а Спасовски 153.037 денари.

Покрај правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила.

Освен експремиерот и поранешниот министер за внатрешни работи, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска и Исмаљ Камбери од Комисијата за заштита од дискриминација.

Слободен Печат.