ВИДЕО|„ЗАТВОРЕНИ СМЕ ВО КОНЗЕРВА“ Пратениците Лефков и Петрушевски се обидоа да преминат граница со стари важечки пасоши

0
168

Пратениците заклучија дека македонскиот народ е практично „затворен во конзерва“ и ги повикаа колегите од СДСМ и од ДУИ конечно да гласаат за измени на законот за патни исправи.

Пратениците Бране Петрушевски и Миле Лефков од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ влегоа во автомобил и се упатија кон граничниот премин „Делчево“ на македонско-бугарската граница со цел да проверат дали ќе можат да ја преминат границата со старите патни исправи на коишто пишува „Република Македонија“ наместо „Република Северна Македонија“.

Сепак, нивниот обид се покажа како неуспешен, бидејќи граничарите им соопштија дека пасошите им се неважечки.

ВИДЕО.

Plusinfo.mk