Владата денеска ќе дискутира дали замената на возачките дозволи ќе биде бесплатна

0
168

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во изјава за медиумите кажа дека денеска министрите на владина седница, ќе предложат замената на возачките дозволи до крајот на годината, да биде бесплатна, односно на трошок на државата.

„Се надевам дека МВР со своето раководство ќе успее да обезбеди навремено снабдување со обрасци, во делот на издавањето на патните исправи. Обрасците не се произведуваат во земјава, туку во Германија“, рече Ковачевски.

На прашањето зошто Владата пет години молчела и издавала документи со старото име „Република Македонија“ па граѓаните се принудени двапати да плаќаат за исти документи, Ковачевски рече дека се виновни политичарите кои викале немојте да ги менувате документи бидејќи ќе го вратиме името.