Времето денеска: Сончево со мала до умерена облачност

0
177

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од југоисточните делови, облачноста ќе се зголемува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Утре ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд и со умерен северен ветер, а дневната температура малку ќе опадне. Останатите денови се очекува да преовладува сончево време со мала до умерена облачност.