Денеска во Дебар Маало ќе се промовира муралот на маестро Џамбазов

0
182

Денеска во 12 часот во Дебар Маало ќе се одржи промоција на муралот на маесто Александар Џамбазов. Општина Центар ги кани сите граѓани да присуствуваат настанот што се одржува по повод роденденот на Џамбазов.

Ве поканувам сите заедно да го прославиме роденденот на нашиот голем композитор и диригент, Александар Џамбазов и заедно да уживаме во неговите песни кои ќе бидат изведени од поранешните Развигорчиња и Златни славејчиња – вели грдаоначалникот Горан Герасимовски.

На настанот што Општината го се организира заедно со Игор Џамбазов, ќе се промовира и книгата „Чичко маестро Џамбаз, во светот на децата“ од авторката Бранка Костиќ Марковиќ и Марко Коловски.