Запален битолскиот затвор, повреден е затвореник

0
156

Пожар избил во битолскиот затвор во текот на вчерашниот ден, а осуденик бил повреден. „Скопје1“ проба да стапи во контакт со тамошниот директор, Драган Крајовски, но тој не одговори на нашите повици.

Според информации од полицијата, осуденикот кој е повреден има 33 години и е од Бтиола. Засега не се знае како избил пожарот.

Интервенирала и противпожарната бригада, а пожарот е изгаснат. Увид извршила и увидна екипа.