Обвинителството реагираше за бруталното претепување на 15-годишното девојче

0
186

Јавен обвинител од Одделението за малолетни сторители на кривични дела при Основното јавно обвинителство Скопје бил известен за настанот во кој две малолетнички брутално претепуваат 15 годишно девојче во центарот на Скопје. За време на вербалната расправија меѓу децата, а потоа и физичката пресметка се слуша скандирање од толпа ученици снимаат со мобилни телефони.

Според извештајот на МВР, во петокот, на февруари во 18.20 часот во СВР Скопје В.И.(45) од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала.