Пожар на планината Жеден

0
133

Пожар избувна вечерва над селото Кондово, на Жеден.

Од скопската Бригада за против пожарна заштита, упатено е едно возило со пожарникари, но не можеле да интервенираат поради непристапноста на теренот.

Од Центарот за управување со кризи, информираа дека гори претежно трева и грмушки на непристапниот терен.

-Пожарот е околу врвот на планината Жеден, гори претежно трева и евентуално грмушки. Поради непристапниот терен скопската БППЗ не можеше да интервенира. Поради ниските температури има големи шанси да изгасне во текот на ноќта. Доколку утре наутро има горење ќе ангажираме воздухоплови, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.