Приведен охриѓанец, нападнал вработен во Здравствен дом Охрид

0
178

На 01.02.2024 година во 19.20 часот, на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, лишен од слобода е С.Д.(57) од Охрид.

-Тој се сомничи дека претходно, во просториите на Итната медицинска помош во Охрид, физички нападнал еден вработен во Здравствениот дом, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.