Се запали ќебапчилница во скопски „Ист гејт“, нема повредени, евакуиран е трговскиот центар

0
173
Фото: Телма.

Претпладнево е извршена евакуација на Ист гејт мол поради пожар во делот за храна.

Сите вработени, но и посетители се евакуирани, а на лице место се пристигнати и повеќе пожарникарски тимови.

Според првичните информации пожарот првично е забележан во угостителски објект во одделот за храна на вториот кат по што се активирани противпожарните аларми.

Фото: Телма.