Следува ново зголемување на минималната плата

0
272

Од 2017 година минималната плата постојано растеше и сега изнесува 20.175 денари. За 6 години минималната плата се зголеми 4 пати, а во наредниот месец следи ново покачување.

Прво се зголеми на 12.000, потоа на 15.200 денари, па на 18.000, а од минатата година таа изнесува 20.175 денари.

За сите вработени, од месец март 2024 година, минималната плата ќе се зголеми на 22.500 денари.

Најниската плата во Македонија од март 2024 година ќе биде 22.500 денари, што е повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година.