(ФОТО) Сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, повредени се три лица

0
151

Едно од повредените лица, како што информираат, е со потешки повреди

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци – Росоман, соопштија од Територијалната противпожарна единица Кавадарци. Двете од лицата кои се повредени биле на возраст од околу 20 години, а третото е повозрасно. Несреќата се случила меѓу две возила „фиат пунто“ и „пежо 206“ на излез од селото Манастирец.

Едно од повредените лица, како што информираат, е со потешки повреди.


Откако била добиена пријава за сообраќајката, од Територијалната противпожарна единица Кавадарци велат дека излегле на терен со осум пожарникари, две возила за техничка интервенција, а присутно било и амбулантно возило.

Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека поради сообраќајната несреќа регионалниот пат Кавадарци – село Росоман од 7 часот утрово е во целосен прекин.