Член на обезбедувањето на Мицкоски уапсен по напад на полицаец

0
206

Доцна синоќа по вербална расправија која прераснала во тепачка помеѓу двајца полицајци, денеска МВР го уапси 46 годишниот И.Б. Кој според информациите се обидел да спречи претрес на лица во објект во кој полицијата се сомневала дека има дрога.

За работите да бидат подраматични, информациите велат дека станува збор за шефот на обезбедувањето на лидерот ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. ОД партијата утрово соопштија дека тој ќе биде тргнат од тимот кој го обезбедува Мицкоски. Полициските службеници го предупредиле И.Б дека вршат слуѓбени дејствија, но тој физички ги нападнал. Неофицијалните информации засега се дека телохранителот на Мицкоски и полицискиот службеник имаат нерасчистени сметки од претходно.

„Се преземаат соодветни мерки и активности и по завршување на постапката ќе следува соодветен поднесок по насоки на Јавниот обвинител, а од страна на Одделот за внатрешна контрола, по целосно документирање на настанот ќе бидат преземени соодветни дисциплински мерки согласно колективниот договор.“ – велат од МВР.

Техничкиот министер за внатрешни работи кој е од редовитена ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот и побара од институциите брза разрешница.

„Побарав да се постапи максимално професионално и согласно стандардните оперативни процедури, се со цел во најбрз можен рок да се расчисити овој случај, а за исходот од превземените дејствија веднаш ќе биде известена јавноста.“ – ФБ статус на Панче Тошковски технички министер за внатрешни работи.

Од владеачката партија СДСМ велат дека овој настан е потсетување на времено кога МВР беше МВРО беше ВМРО, како што можеше да се слушне од прислушкуваните материјали. Партискиот портпарол Дарко Каевски побара одговорност од сторителот.

„Напад врз полицијата, врз полицаец е напад врз државата. Станува збор за истиот Ивица Бисовски кој во време на Ковид пандемијата беше заедно со Мицкоски во теретана а потоа и во кафеана на Боемска улица иако забрането.“ – изјави Дарко Каевски портпарол на СДСМ.

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ велат дека овој случај ќе биде потврда дека повеќе нема да има привилегирани како во времето на Оливер Спасовски. Со реакција се јавија и од ЛДП, во која велат дека најостро го осудуваат насилството ка особено е загрижувачки кога се случува помеѓу полициски службеници.

Извор 24 вести