Војник во Германија уби четири лица, меѓу кои и едно дете

0
233

Според првите информации на германската полиција дошло до пукање во семејна куќа во Шесел, при што загинале четири лица. Меѓу убиените е и дете. Според Билд, злосторството го извршил војник на Бундесверот рано утринава околу 3:30 часот.

Полицијата не сакаше да потврди дали напаѓачот е во бегство, а на терен во моментов се неколку екипи на Брзата помош.

Исто така, голема полициска акција во моментов е во тек во областа Ротенбург.

Се уште не е јасно дали двете места на злосторството се поврзани.