Не стивнуваат реакциите за масакрот во Газа, сведок вели дека камиони со храна газеле луѓе

0
156

Израелската армија тврди дека тенковите испукале предупредувачки истрели, но не го погодиле конвојот. Некои Палестинци велат дека војниците пукале директно во нив. Палестински сведок изјави за Би-би-си дека повеќето од загинатите биле прегазени додека камионџиите се обидувале да се пробијат напред
Според последните информации од Газа, најмалку 112 Палестинци загинале, а 760 се повредени додека очајнички се обидувале да ја добијат потребната помош. Толпа луѓе тргнала кон колоната камиони на крајбрежниот пат југозападно од градот Газа, во присуство на израелски тенкови.

Израелската армија тврди дека тенковите испукале предупредувачки истрели, но не го погодиле конвојот. Некои Палестинци велат дека војниците пукале директно во нив. Палестински сведок изјави за Би-би-си дека повеќето од загинатите биле прегазени додека камионџиите се обидувале да се пробијат напред.