Претепана 33-годишна жена во Аеродром

0
202

Триесет и тригодишна жена од Петровец вчера пријавила во полиција дека била нападната во населба Аеродром. Согласно нејзината изјава, маж ја удирал и со тврд предмет.

„Вчера (04.03.2024) во 01.45 часот во СВР Скопје, Д.С.(33) од с.Петровец, скопско, пријавила дека околу 00.15 часот на подрачјето на Аеродром била физички нападната од М.Ц., кој употребил и тврд предмет“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.