Интерпол го приведе екс-разузнавачот Грујевски во Хрватска, па го ослободи

0
143

Поранешниот разузнавач и началник на Петтата управа Горан Грујевски бил уапсен во Загреб и набрзо потоа ослободен.

Приведувањето го спровело хрватското одделение на Интерпол по меѓународната потерница која беше распишана по него во 2017 година. МВР соопшти дека вчера од Интерпол добиле информација дека Г.Г. е приведен.

Денеска исто така од Интерпол Хрватска добиле известување дека го ослободиле, велат од македонското МВР.

Повеќе детали за причините зошто по краток притвор Грујевски е ослободен засега нема.