СДСМ објави документи: „Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ“

0
184

Откако синоќа новинарот Фуркан Салиу излезе со сторија за Оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ каде се гледа како ВМРО-ДПМНЕ спроведувала оперативен план меѓудругото и за креирање на лажни вести, утрово со документи излезе и владејачката СДСМ.

На објавените документи од две страници јасно се гледа дека дел од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ имал задача да креириа лажни вести и да реализира анкети. Задолжен за тоа освен шефот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Луке Галевски, бил и Владимир Божиновски сопственик на Агенцијата ИПИС која од 31 јануари па до денес прави анкети за МТВ.

МТВ потоа во емисијата „Објектив“ ги објавува анектите а истите ги коментира никој друг туку самиот Божиновски.

„Станува збор за реализација на цела шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести.

Документите со потписи потврдуваат дека оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ го содржи она што и реално се случува.

Предвидува креирање на емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски, какви што веќе се емитуваа на МТВ. Дефиниран е и составот на гости во емисијата, да бидат аналитичари и тоа 3 опозициски и 1 од власта.

ДПМНЕ има и одговорен и за ширење лажни вести а креираат и лажни вести преку „дувла“ кои ги објавуваат опозициски портали.

Ова е голем скандал кој покажува дека лажните анкети се нереални и служат за манипулација на граѓаните а немаат врска со реалноста. Но исто така потврдува дека нема никаква промена во ДПМНЕ“ велат од СДСМ.

24инфо.мк уште на први февруари, ден по презентацијата на првата анкета, пишуваше за за овој несекојдневен случај на креирање и пласирање анкети и прати прашања до МТВ со каков договор и колку тој чинел е ангажирана агенцијата ИПИС на Божиновски, но оттаму никогаш не добивме одговор.