Африм Гаши – претседател на Собранието

0
151

„За нас беше важно Албанците да продолжат да вршат една од трите функции во државата и секако бидејќи се знае кој ќе биде премиерот и шефот на државата, побаравме претседателот на Собранието да биде од редовите на Албанците. . Договорот се уште не е конечен, начелно се договоривме за некои позиции, правилно е да се почека овие договори што ги договоривме со ВМРО да поминат кај нашите партиски органи и верувам дека во законскиот уставен рок, а тоа е 28 мај, на тој ден верувам дека ќе се конституира парламентот, мислам дека сите ќе имаме јасна претстава кој е заедничкиот предлог на коалицијата за претседател на парламентот“, изјави Гаши во интервју за Алсат.