Бидете подготвени – следува голема промена на времето

0
126

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на значително топла воздушна маса од Африка, за време на викендот во Македонија ќе имаме многу топло време со максимални дневни температури кој на повеќе места ќе надминат 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат и до 35 степени, и ќе бидат натпросечно високи.

Сепак атмосферата и покрај ова нема да биде во целост стабилна, и тоа поради влијание на циклон од западна Европа, па така во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на град кој би можел да биде покрупен.

Поради изразеното југозападно струење на висина, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, па повторно нема да имаме во целост чиста атмосфера.

Во Скопје за време на викендот исто така температурата значително ќе се покачи, и максимумот на истата ќе биде до околу 31-32 степени.