Британскиот премиер Сунак најави можност за враќање на воениот рок

0
96

Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека повторно ќе воведе задолжителен воен рок или служење во државна служба за сите 18-годишници доколку Конзервативната партија победи на општите избори на 4 јули.

„Повторно ќе ја осмислиме и прилагодиме Националната служба за денешна Британија. Тоа ќе им овозможи на нашите млади можности да го променат животот, нудејќи им шанса да научат вештини од реалниот свет, да прават нови работи и да придонесат за нивната заедница и нашата земја“, напиша Сунак во написот кој беше објавен од „Дејли мејл“.

Тој додаде дека ќе бидат вклучени сите што ќе наполнат 18 години, без разлика на нивното потекло и каде живеат во Велика Британија.