(ВИДЕО) НЕВРЕМЕТО НАПРАВИ ШТЕТИ ВО СРБИЈА: Дождот откорна дел од пат во Нови Пазар

0
169

Невреме вчера ја зафати Србија, при што дождот уништи дел од патот во Нови Пазар.

Репортерот на „Еуроњуз Србија“ од Нови Пазар јавува дека невремето синоќа буквално го парализирало градот, а најголемиот проблем бил во самиот центар. Улиците буквално личеле на реки.

 

Локалните жители објаснуваат дека ваква поплава не виделе 40 години.Трнавица се излеа и неколку домаќинства беа поплавени

Како што соопшти Штабот за вонредни состојби, нема повредени, но направена е голема материјална штета. Поплавени се и приградските населби на Нови Пазар бидејќи се излеале многу околни потоци.

Во моментов реките се вратија во коритата, но мештаните се загрижени затоа што за денеска се најавени нови врнежи.

Најобилни врнежи имаше во Мачва, Бачка, Срем и во населбата Златибор. Жена загина во Сомбор кога дрво паднало врз возилото што го управувала. Голем пожар избувна во дворот на зградата на ЕПС во Нови Сад, а дел од градот остана без струја. Градскиот штаб за вонредни состојби на градот Нови Пазар донесе одлука за прогласување вонредна состојба.

 

Невреме имаше и во Македонија. Во Липково има штети на земјоделските култури од градот.