Го фатиле со марихуана на паркинг на Средно Водно

0
117

Вчера во 22.50 часот на паркинг на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.