Демонстранти сакале да ја запалат израелската амбасада во Мексико (ВИДЕО)

0
76

Како што објави „Тајмс оф Израел“, полицијата успеала да ги задржи насилниците кои се обиделе да влезат во зградата на амбасадата.

Демонстрантите носеле качулки и маски, фрлале камења и молотови коктели кон полицијата кога се обиделе да ги пробијат барикадите. Полицијата имаше многу мака да ги задржи насилниците кои во еден момент се обидоа да ја запалат зградата.

На социјалните мрежи се објавени драматични видеа и фотографии. На протестите имало неколку стотици демонстранти. Полицијата употреби солзавец. Демонстрациите и судирите траеле околу два часа. Никој не е уапсен, а полицијата соопшти дека четворица полицајци и две жени се здобиле со изгореници и дека им била укажана лекарска помош.

Kanal5.mk