ДУИ на иста линија со Левица – за нив не важат интересите на Албанците, обвинува „Вреди“

0
102

Коалицијата „Вреди“ реагира дека ДУИ потврдила оти не важеле интересите на албанскиот народ, односно важеле само додека биле на власт. Според нив, Африм Гаши бил првиот Албанец избран за Претседател на Собранието со 76 пратеници, значително мнозинство кое било логично да биде подржано од сите пратеници Албанци, без разлика дали се позиција или опозиција.

„Бегството на пратениците на ДУИ од собраниската сала е нова епизода од неподржувањето на Арбен Таравари за единствен претседателски кандидат на Албанците и бојкотот на вториот круг на претседателските избори. Погрепни одлуки на ДУИ спротивни на интересите на ЕУ и САД. Со ваквото поведение ДУИ застанува на иста линија со антизападната Левица“, порача „Вреди“.

Во соопштението на „Вреди“ се додава дека Европскиот фронт на ДУИ се разобличил на првиот опозициски тест.

„ДУИ има обврска да ја прифати реалноста и да се однесува како одговорна опозиција. Заради серијата очајни политички одлуки сега имаат уште поголема тежина во многу блиска иднина да докажат дека нема како опозиција да ги ризикуваат ЕУ перспективите заради лични и теснопартиски интереси“, порачаа од „Вреди“.

Слободен Печат.